Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова искрено и без влакна на јазикот коментира за моменталната Ковид ситуација и Владините мерки. Таа постојано дава до знаење дека е против носењето маска на децата во училиште, меѓу кои и нејзиниот син Андрија.
Овојпат после славењето на Нова година, таа напиша изреволтиран статус на својот профил на Фејсбук.
“Бројам кластери ден трети. А чудо некое све нормално тече и никој не збори за тоа дека буквално сите се заразени, дека глупо е да се апелира на вакцинација, сите се вакцинирани а и реално со сертификати грлато пееа на сите предновогодишни и новогодишни журки.
И сега ја ако се заразам, претпоставувам у маркет пошо не сум мрднала од дневна, по кого да пцујам? По вакцинирани или по мерки? Или ич да не пцујам, мајмунски не возат до ден денес и си го прифаќаме тоа“, напиша Миа Костова.