Мишел Фајфер (65) и во седмата деценија освојува со својата безвременска убавина, но и со модните избори на свечените настани.
Таа го потврди ова оваа недела со присуство на Fragrance Foundation наградите во Њујорк.
На црвениот тепих пленеше со елеганција во црно, со повеќеслоен фустан од тул со блескав ефект, во комбинација со струкиран блејзер и голема „писмо“ чанта.
Покрај актерската кариера, оваа позната русокоса развива и своја линија на парфеми Henry Rose, па нејзиното присуство на споменатата награда не изненадува.