Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот прес им се обрати и на пензионерите.
-Ги молам пензионерите да не излегуваат. Ги молам луѓето од геронтолошките центри да не ги пуштаат пензионерите по продавници, тоа што им е потребно нека им го купат младите од 15-20 години. Ќе се организираме, се што ви е потребно ќе ви го донесеме до врата. Никој нема да умре од глад – вознемирено изјави Вучиќ кој меѓудругото и упати апел на српската дијаспора да не доаѓа за престојните велигденски празници.
– Ги молам нашите луѓе да не доаѓаат во Србија за католичкиот и православниот Велигден. На различен начин ќе се обидеме да ги спречиме нивниот влез во државата, па ако треба комплетно ќе ги затвориме границите. Ако од Италија, Австрија, Германија, Швајцарија за Велигден дојдат околу 70.000 луѓе, сигурно меѓу нив 3.000 до 4.000 ќе бидат инфицирани со коронавирусот. Тоа за нас би бил крај – порача српскиот претседатели кој очекува експанзија на вирусот за три дена.