Поп звездата Никол Шерцингер (41) на Инстаграм објави дека нејзиниот братучед е убиен и побара помош да се најде убиецот.
35-годишниот Џон Федерик е убиен на 26 октмоври во Форт Лодердејл на Флорида. Возачот избегал и полицијата трага по него.
-Ова е како ноќен кошмар од која никогаш нема да се разбудиме… Со најтешка болка во срцето му велам збогум на мојот братучед. Во саботата во 3 наутро му е одземен животот во Флорида. Моето семејство мине низ агонија знаејќи дека некој го удрил во глава и го оставил да умре – меѓу другото напиша Никол.
Таа замоли ако некој има било каква информација за несреќата да се јави.
-Кој тоа го направил нека има достоинство да се јави. Освен тоа, семејството нуди и парична награда како би дошла до информација за несреќата.