Никол Шерзингер го прослави својот 46-ти роденден и ги почести своите обожаватели со фотографија и видео на својот Инстаграм профил.
Таа позираше во дводелен црн костим за капење покажувајќи го своето затегнато тело.
„Обземена сум од количината на љубов што ми ја испратија на мојот роденден“, им порача Никол на своите следбеници под објавата. „Боже, ти благодарам за уште една година. Не секоја година – веројатно мојата најхрабра досега. Ти благодарам за твојата благодат додека ми помагаш да растам и да се развивам. Ти благодарам за радостите и смеата, борбите и лузните. Ти благодарам за борбениот дух кој живее во мене за никогаш да не се откажам и да го пуштам, вечно сум благодарна за сè што сум“, им порача пејачката на своите фанови.
„Среќен роденден убава жено“, „Ти си мојата инспирација од самиот почеток на мојата кариера до денес… Те сакам“, „Ти го заслужуваш целиот свет“, беа само дел од коментарите на нејзините верни следбеници.
Неодамна Никол даде изјава за медиумите каде призна дека би сакала да има деца со нејзиниот вереник Том Еванс, но дека е многу тешко поради премногу обврски со кои се преоптоварени. Таа додава дека се чувствува како биолошкиот часовник да ѝ отчукува. Двојката се вери минатата година на Хаваи.