Водителката Николина Пишек повторно заврши во болница откако во февруари со ќерка ѝ Уна беа затруени со јаглерод моноксид.
Таа објави фотографија од болницата и напиша дека по труењето била изложена од ризик од белодробна емболија.
„Повторно јас. Во случај да не сте знаеле, 90 дена по труење со CO, имате ризик од белодробна емболија. Денес, за среќа, не беше тој ден“, напиша таа.
Инаку, во февруара Николина и ќерка ѝ беа најдени без свест во нивниот стан, откако претходно во зградата пукнала плинска цевка.