Српскиот актер Никола Којо најави дека ако не успеат протестите против претседателот Александар Вучиќ, дека ќе си замине од Србија.
“Во оваа земја повеќе нема избор. Кога живеете 30 години во беда, пекол и немаштина… вие повеќе не знаете да се однесувате во слобода. Единствено што можеме ако протестите не успеат, односно, ако не дај Боже се случи тие да прекинат, е во колона со Сиријците и Авганистанците да се заминеме од Србија. Буквално, повеќе нема шанси за опстанок, а до опстанок може да се дојде само со промена на комплетната владеачка гарнитура “ вели Којо кој е еден од водачите на протестите.
Тој во емисијата “Нов ден“ одговори и на прашањето кој денеска има кредибилитет да зборува за протестите.
“ Секој кој не соработувал со окупаторот. Така ја нарекуваам сегашната власт. Ова не е политичка борба туку самоодбрана. Секој кој не се офајдил од оваа и претходните власти има право да биде тука. Секако, имаат право да се рехабилитираат и оние кои премногу не ја брцнале раката во медот“ – одговорил еден од најдобрите српски актери Никола Којо.