Убава вест споделија од скопската Клиника за гинекологија и акушерство.
“Семејството Ристоски конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават, да пеат и повторно никој да не им забележи колку тоа гласно го прават, а посебно најмалиот Ристоски, малиот Никола, големиот борец.. Тој нека се смее.. Нека пее и нека потплакува понекогаш гласно, најгласно.
Малиот Никола беше роден во 27 гестациска недела со телесна тежина од 900 грама. Никола беше храбар и победи и по 65 дена престој на ОИНТ не’ поздрави и си замина домче кај мама и тато.
Мило дете, ти посакуваме силно здравје и бескрајно среќно детство!
На персоналот на ОИНТ, ви благодариме што несебично се грижите за овие мали души што поскоро да закрепнат, што побрзо да пораснат“, напишаа од клиниката на Фејсбук.