Поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски преку Фејсбук ја најави неговата нова книга.
Со наслов „Искуство за иднина“, а во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“ книгата е всушност неговиот докторски труд на тема : „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во време на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе половина година имам статус на личност со доделен политички азил како политичко прогонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.“, се вели во предговорот на книгата.