На социјалните медиуми голем број луѓе се простуваат од најблиските кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога избувна пожар за време на концерто на дуото ДНК и нивниот бенд.
Помеѓу 59 -те починати во пожарот се и вокалот на ДНК, Андреј Геогиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев од Струмица, Филип Стевановски гитарист и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип , како и фотографот Александар Ефремов.
Од загинатите се просува цела Македонија и знајни и незнајни, цела македонска јавност сочувстува со семејствата на загинатите.
Еден од нив близок пријател на дуото ДНК е и фолк- пејачот Наум Петрески со кој ДНК го отпеаа хитот „Ако утре ме нема“.
Тој на социјалните мрежи напиша. Петрески не беше само соработник со дуото туку и нивен пријател.Често споделуваа фотографии од заеднички седенки и приватни дружби со семејствата.