Холивудската актерка Теса Томпсон откри дека никогаш не пробала хамбургер, а неодамна го изела своето прво јајце.
„Јадам други работи, едноставно никогаш не сум јадела хамбургер. Тоа е единственото извонредно нешто што сè уште можам да го тврдам“, вели Теса.
Новинарката ја прашала како е тоа можно, а актерката додала дека дури неодамна за првпат изела јајце, но не ѝ се допаднало. Новинарката шокирано ја прашала дали се шегува.
“Актерката открила и колку често јаде компири и дека таа храна не ја заситува. Видеото од интервјуто стана вирално на социјалните мрежи.
„Таа лаже“, велат обожавателите во коментари.
Инаку, Теса има улога во новиот Creed. Таа ја игра Бјанка, сопругата на познатиот боксер Адонис Крид, кој го толкува Мајкл Б. Џордан.
Освен по оваа улога, многумина ја паметат Теса по улогите во филмовите „Men in black: International“, но ја паметат и по улогата во филмот „Avengers: Endgame“.