Откако премиерот Зоран Заев вечерва во интервју на Канал 5 изјави дека и екс премиерот Никола Груевски со хеликоптер одел во Грција приватно, но сите молчеле, тој се јави со објава на социјалните мрежи.
„Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер“, напиша на својот Фејсбук профил, поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.