Американската глумица и комичарка Али Вентворт објави дека е заразена со коронавирус.
55-годишната актерка од ,,Џери Магуаер” и комедијата ,,Како да се добие нога” (Office Space) ја откри дијагнозата на Инстаграм, каде напиша дека се чувствува многу болна и е изолирана од остатокот од семејството.
„Никогаш не сум била толку болна“, напиша таа. „Висока треска. Страшна физичка болка. Тежина во градите. Изолирана сум од моето семејство. Ова е чиста мизерија“, додаде таа на фотографијата на која лежи во кревет.
Нејзиниот сопруг, водителот на шоуто Добро утро Америка, Џорџ Стефанопулос, најави дека ќе работи од дома откако на сопругата и е потврден Ковид-19.
„Емитувам од дома во моментов“, рече Стефанопулос во утринското шоу на АБЦ. „Али разви некои симптоми, па затоа се одмора на катот“.
„Но, додека таа се опоравува и поминува низ ова, јас ќе работам од дома и ќе сториме онолку колку што можеме“, рече тој.
Во последните неколку недели, Вентворт во повеќе наврати ја потенцираше важноста на самоизолација во обид да се ограничи ширењето на вирусот. Таа ги потсети нејзините повеќе од 180.000 следбеници вчера кога ја сподели нејзината дијагноза, со хаштагот #stayhome.