Српската актерка Гизела Вуковиќ, попозната како поранешна сопруга на пејачот Звонко Богдан починала во хотелската соба за самци, во која ги поминала последните 13 година од животот. Поради финансиски проблеми таа останала без дом, и морал да се пресели во собата која можела да ја плаќа само првите неколку месеци.
– Поради долговите на ќерка ми изгубив се. Во разните преселби ги загубив сите фотографии, а не знам каде ми е и “Арената“ од Пула. Наеднаш сите ме заборавија- изјавила порано Гизела за “Новости“ која до последните денови од животот се грижела за болната ќерка Милица и аутистичниот внук Бранко.
Српската актерка се мажела два пати, а втор маж и бил Звонко Богдан.
– За бракот со Звонко не сакам да зборувам. Не сакам да се сеќавам на него. Не сум во контакт, не ме интересира воопшто што е со него. Мене никогаш не ми значеше, и тој всушност ми се закачи кога започна нашата врска. Од него не ми треба ништо – рекла Гизела која починала во 2015 година во својата 89 година од животот.