Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ со сопругата Александра е во брак од 2001 година, и таа не се експонира јавно.
Сепак, екипата на емисијата “Папарацо лов“ еден месец го следела Здравко за да открие што тој прави во приватниот живот. Дознаа дека Чола често посетува кафани, не посветува многу внимание за својот стајлинг, и дека сака да џогира. Ја снимиле и неговата сопруга Александра со која е во брак 18 години и има две ќерки, Уна и Лара.
Александра е професорка по географија, посветена е на семејството, и голема поддршка е на својот сопруг.