68-годишна жена од Лагос роди здрави близнаци, што е прв таков случај во Нигерија – пренесуваат медиумите ширум светот за парот што никогаш не се откажа.
Маргарет Аденуга роди момче и девојче со царски рез во 37-та недела, а ова и беше прва бременост, соопштија докторите од болницата во Лагос.
Како што информира лекарот Ваису Адехемо, Маргарет останала бремена со вонтелесно оплодување, а таа и нејзиниот сопруг Ноа се пресреќни.
“ Маргарет и Ноа кој има 77 години, никогаш не се откажаа, и по бројните обиди конечно успееја – рели Адехемо.
Инаку, медиумите потсетуваат дека најстара првороткиња во светот е жена од Индија, која лани, на 73 години роди близнаци.