Турската јавност е шокирана од признанието на фудбалерот Чехвер Токташ, кој го убил сопствениот петгодишен син. Токташ самиот се пријавил во полиција единаесет дена по убиството, откако претходно успеал да ги залаже лекарите со причините за смртта.
Членот на Бурса Јилдирим бил хоспитализиран со својот син откако петгодишниот Касим се заразил со коронавирусот, а убиството го реализирал во болница, задушувајќи го синот со перница.
„Му ставив преница на лицето, тој лежеше на грб. Притискав по перницата 15 минути а мојот син цело време се бореше. Кога престана да дише, ја тргнав перницата. Тогаш почнав да викам до лекарите за да спречам некој да се сомнева во мене.“ – изјавил Сехер Токташ посочувајќи дека никогаш не го сакал својот најмлад син и поради тоа го убил.
Триесет и едно годишниот фудбалер веднаш заврши зад решетки и му се суди за доживотен затвор