НИКАКО ДА НИ ТРГНЕ СО ЗНАМИЊАТА: Не било македонското знаме, на Аризона било (ФОТО)

by Тони Зографски

Откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи шеруваше фото-вест дека за време на престојот на македонска делегација на носачот на авиони „Хари Труман“, на еден од авионите на американската ескадрила било „аплицирано и нашето знаме“, на Фејсбук се споделува „корекција“.

„Знамето е на Аризона (американска сојузна држава)“ пишува загрижен корисник на Фејсбук кој додава:

“Никако да им тргне со знамињата“.

Претходно Шекеринска напиша:

“Од вчерашниот ден на носачот на авиони „Хари Труман“. На авионот зад нас од ескадрилата на САД аплицирано и нашето знаме. Членството на НАТО на дело“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com