Познатиот босански доктор Емир Солаковиќ предупредува дека кафето треба да се пие умерено и дека и 4 шолји дневно не претставуваат никаква опасност, но треба да се избегнува во овој напиток да се става млеко.
“Умереното уживање во кафето (2,3 па и 4 шолји дневно) не претставува опасност по вашето здравје. Факт е дека различни луѓе реагираат различно на иста количина кафе. Многубројни се оние кои не можат да се расонат без утринска доза од овој црн напиток, а не е мал бројот ни на оние на кои денот им е незамислив без некој напиток од кафе да ги расположи, расони или да им ја поттикне дигестијата.
Пиењето кафе со млеко е грешка, затоа што белковината од млекото, казеин и кофеинот создаваат соединение што вашето тело не знае како да го разгради. Затоа оние што често пијат кафе со млеко имаат проблеми при варењето и чувствуваат непријатност во стомакот“, напиша д-р Солаковиќ.