Без разлика дали ќе се сретне со Доналд Трамп во Сингапур или има работни обврски во било кој дел од светот, Ким Јонг Ун не ја напушта претседателската палата без неговата лична веце шоља.
Севернокорејскиот диктатор не верува на никого, па затоа секогаш патува со неколку веце шољи, вклучително и оние вградени во неговиот мерцедес и другите специјални возила наменети за патувања на планински терен или снег.
Не е дека тој има страв од јавни тоалети, туку сето тоа е дел од планот неговиот измет да не заврши во „погрешните раце“, пренесува Mirror.
Извори блиски до владејачката династија рекоа дека врховниот лидер би било незамисливо да го користи тоалетот како другите Корејци, затоа што неговата столица не може да се остави некаде туку така, бидејќи „содржи информации за неговата здравствена состојба“.
Секој кој би бил фатен во употреба на една од неговите тоалети, би можел да биде осуден на смрт, дури и ако е човек од голема доверба на Ким.