Австралскиот тенисер од грчко потекло, Ник Кирјос кој претходно често го провоцираше Новак Ѓоковиќ, овие денови застана во целосна негова одбрана.
Тој деновиве ја убедуваше јавноста во Австралија, се обидуваше да влијае преку медиумите до судството во Австралија во корист на Ѓоковиќ, но не успеа.
Откако беше потврдено дека Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен и дека ќе го депортираат, Кирјос повторно се јави.
„Замислете сега како се чувствува Новак Ѓоковиќ по една таква одлука. Она што можам да го ветам за уште една поддршка за српскиот колега е дека ќе облечам маица со натпис „Идемо“ и со неа ќе прошетам низ Мелбурн парк“, истакна Ник Кирјос.
Кирјос меѓу останатот порача и дека е разочаран од ставот на Рафаел Надал, кој не застана во целосна поддршка зад Ѓоковиќ, а исто така потенцира и дека го нервира и Стефанос Циципас.