Педијатарот од Дебар, Арбен Аголи, на својот Фејсбук профил објави фотографија со две свои колешки, со заштитна опрема, како упатуваат порака на македонски и на албански јазик: „Ние сме на работа, вие седете дома“.
Но тој исто така, упати апел да не се фрлаат ракавиците и маските на земја:
,, Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде,фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата,благодарам“-порача тој.