Глумицата Шенон Доерти, која ја паметиме по улогите во „Беверли хилс“ и „Волшебнички“ со години се бори со ракот на градата. Таа вели дека многу ја плаши оваа ситуација со пандемијата на коронавирусот.
“Седам дома и се лутам на сите вас, за мене и луѓето кои се борат со ракот. За мајка ми, за семејството, за пријателите. Да се бориш со рак е тешко. Имам пријателка која и сега е во болница“, напиша Доерти на Инстаграм.
А има и луѓе што патуваат, уживаат. Колку е тешко да се остане дома? Не се придржуваат на правилата, не држат растојание и си излегуваат од дома. И јас сакам свеж воздух, но во својот двор. Зошто? Затоа што го сакам овој свет и своето постоење. Јас правам колку можам. Зошто не и другите?“, се прашува Шенон.
Инаку, глумицата пред извесно време објави дека ракот ѝ се вратил и дека е во четврти стадиум.
https://www.instagram.com/p/B-A35s4hCqF/