Ако некогаш сте се запрашале како изгледа најнекомпатибилната, но во исто време и најуспешната брачна двојка, одговорот ќе ви го дадат Род Стјуарт и Пени Ланкастер.
Сопругата на познатиот музичаре снимена како ужива на плажа во Сиднеј, а со својата самодоверба ја воодушеви јавноста. И покрај тоа што веќе навлезе во 6-та деценија, Пени покажа дека изгледа феноменално и не обрнува внимание на несовршеностите.
Колку оваа жена има самодоверба покажува и фактот што не внимава на негативните коментари кои редовно ги добива кога се појавува во јавноста со сопругот. Имено, многумина коментираат дека се многу неспоиви како пар, бидејќи таа е многу повисока од него.
Од самиот почеток на нивната врска, многумина не веруваа дека овој пар ќе преживее. Сепак, и покрај тешкотиите, тие успеаја да го одржат бракот. Двајцата се венчаа во 2007 година, и покрај тоа што тоа не беше прв брак на Стјуарт, тој ја следеше традицијата и протоколот што некогаш беа незаменливи.
Имено, тој ја побарал раката на Пени од нејзиниот татко, па дури откако го добил неговиот благослов решил да ја запроси својата сакана. Тој клекна пред саканата на своето срце во ресторанот Жил Верн, на втората платформа на Ајфеловата кула. Инаку, Пени е 25 години помлада од Стјуарт.
Тие долго го чекаа вториот син Ајден, роден во февруари 2008 година.
“Кога Пени ми кажа дека е бремена, бев во Москва. Почнав да плачам од среќа, а и таа. Голема радост и бескраен извор на чудење е што воопшто ми се случија овие работи –искрен е пејачот кој изгледа конечно се смири.
Парот се повлекол од јавноста, а се трудат да поминуваат што повеќе време заедно и да уживаат во семејната идила.
Овој пар е доказ дека границите не постојат и дека разликите од секаков вид не им претставуваат никаков проблем. На овој начин на сите им докажаа дека љубовта е над се‘.