Пет богаташи завршија на дното на Атлантскиот Океан откако подморницата во која патувале, имплодирала
Подморницата „Титан“, во која настрадале 5 патника, исчезнала од радарот кога тргнала на експедиција во длабочините на Атлантикот.
„Титан“ нурнал во неделата наутро, а бродот изгубил контакт со неа еден час и 45 минути подоцна. Официјалното соопштение е дека подморницата доживеала имплозија, при што сите петмина загинаа.
Стражата од брегот соопштила дека биле пронајдени остатоци од подморницата и дека спасувачките напори се прекинати, бидејќи сега е официјално дека нема преживеани на „Титан“.
Што се случило со патниците кога „Титан“ имплодирала?
Експертите велат дека имплозијата веднаш ги убила пилотот и четирите патника, како последица на притисокот на водата во длабочините на Атлантскиот Океан. Поморските истражувачи ја нарекле имплозијата најлошиот можен исход од сите предвидени сценарија за време на деноноќната потрага по исчезнатата подморница.
„Не станува збор толку за длабочината колку за имплозијата. Силите толку брзо се собирале што телата немале каде да одат“, објаснил Ејлин Марија Марти, експерт за заразни болести.
Поради начинот на кој имплодирала подморницата, веројатно ги уништила телата внатре во подморницата, па тој смета дека постои многу мала веројатност дека ќе пронајдат некој дел од телото што ќе може да се идентификува.
Условите во длабокиот океан се толку непознати, а имплозијата катастрофална, што семејствата засекогаш би можеле да останат без одговор на прашањето што точно им се случило.
Што е следно?
Стражата од брегот ќе продолжи да бара повеќе траги за „Титан“ со надеж дека ќе одгатне што точно се случило.