Фотографијата од натпревар од кошаркарската лига на Америкаската колеџ кошаркарска лига го обиколи светот. Kentucky Wildcats, еден од најдобрите тимови во државата, биле бодрени од татко и син, а таткото бил видно уморен и валкан од работата во рудникот. Тренерот на „дивите мачки“, легендарниот Џон Калипари ги објавил на својот Твитер.
„Американскиот сон на моето семејство започна во Кларксбург, во рудникот за јаглен, па оваа фотографија ме потсетува на домот. Она што ми е кажано е дека по неговата смена, овој човек побрзал дома да го земе својот син за да може да го однесе на натпреварот. Не знам кој е тој, но имам ВИП билети за него и неговото семејство“, напишал Калипари на Твитер.