Познатата хрватска старлета Нивес Целзиус, на социјалните мрежи се пофали дека била на прием кај македонскиот претседател Стево Пендаровски во Вила Водно.
Таа во своите објави сподели и видео на кое прикажува и како бакнува припадници на претседателската гарда, додека тие стојат во став мирно. Тие стоеа и немо набљудуваа бидејќи се најдоа во небрано, а во моментот беа на должност.