Американските научници ја открија структурата на ензимот наречен NSP16, кој вирусот „ковид-19“ го користи за да го измами имунолошкиот систем и да добие пристап до домашни клетки што ги зграпчува за да се размножуваат.
Откритието би можело да доведе до нови лекови за пациенти со вирус „ковид-19“, што би спречило вирусот да минува низ имунолошкиот систем, пренесува британскиот „Sky News“..
Ензимот се користи за модификација на нешто што се нарекува гласник на РНК капа, што „им кажува“ на клетките дека се протеини и им кажува да направат нови.
-Тоа е камуфлажа. Тоа е модификација, со која клетките се измамени – рече д-р Годеш Гупта од Универзитетот во Тексас.
Дешифрирањето на структурата на ензимот може да им овозможи на истражувачите да развијат лекови – нови мали молекули кои би можеле да го спречат NSP16 да направи измени.
Во тој случај, наводно, имунолошкиот систем би го препознал нападот на вирусот и би можел да се одбрани.
-Работата на Годеш ја откри 3Д структурата на клучниот ензим на вирусот ковид-19 потребен за репродукција. Ова е значаен напредок во разбирањето на вирусот, рече коавторот на студијата Роберт Хром.