Холивудската глумица Џенифер Анистон прошета низ Беверли Хилс во опуштена модна комбинација, што не е необично за неа, ако се знае дека освен на јавни настани таа нигде не се појавува тип-топ скоцкана.
Џенифер напуштајќи ја клиниката за максиофацијална хирургија се појави во сив џемпер, но очигледно без градник бидејќи и се оцртувале градите под џемперот. Глумицата излегла од задната врата, а носела црни наочари за сонце.
Инаку, Џенифер Анистон пред неколку дена беше во Мексико, па почнаа шпекулациите дека таа таму била заедно со својот поранешен сопруг Бред Пит за да посвојат дете.