Кристина Дуран го обвини јавниот транспорт во Валенсија за дискриминација откако не и било дозволено да влезе во автобус поради тоа што наводно била премногу разголена.
-Ми забранија да се качам во автобусот со образложение дека сум била премногу разголена и тоа можело да ги навреди другите патници. Не носев бикини, туку топ кој не откриваше ништо. Се чувствувам дискриминирано – напиша младата девојка, чија сметка на Твитер е @CristinaD20, притоа објавувајќи фотографија од парчето облека што го носела.
Девојката објаснува дека нејзината жалба е мотивирана и од тоа што не постои правилник за тоа како треба да се облекуваат корисниците на градскиот превоз.
-Не постојат конкретни правила со кои се забранува одредена облека. Претходно без проблем се возев во два други автобуса, па така ова беше норматива или дискриминација – прашува Дуран.
Од градскиот превоз на Валенсија, исто така преку Твитер, и одговорија на Дуран на обвинувањата.
-Ве молиме, доколку ни доставите повеќеподатоци, ќе можеме подобро да го испитаме случајот за да преземеме неопходни мерки. Ви благодариме и изразуваме жалење за лошото искуство – се вели во Твитот.