Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за „360Степени“ потврди дека пред Собранието бил искршен неговиот службен автомобил. Но, вели, ниту ја познава личноста која го направила тоа ниту му се познати мотивите.
-Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. (38 години), пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повремени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот,- изјави Груби за 360°.
Инаку, вчера околу 12 часот жена го искршила ветробранското стакло на владиниот автомобил во кој се возел Груби. МВР соопшти дека станува збор за 38-годишната В.Ј. која веднаш по инцидентот била приведена.