НЕ ЈА ИЗДРЖА БОРБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Почина Илија Петковиќ, легенда на југословенскиот фудбал

by Тони Зографски

Легендарниот фудбалер и селектор на Југославија и Србија и Црна Гора, Илија Петковиќ почина во Белград на 75-годишна возраст.

Toј во понеделникот бил примен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград откако му пукнал чир на дванаестопалочно црево и изгубил многу крв.

Со оглед дека за прием во болница мора да се направи тест за коронавирус, утврдено е дека Петковиќ е заразен, а откако му е укажана помош префрлен во одделот за болни од Ковид-19. Состојбата на Петковиќ се влошила, па тој бил приклучен на респираторна машина, но денеска починал.

Петковиќ најголем дел од кариерата помина во ОФК Белград. Таму играше на двапати и притоа запиша 417 настапи и 68 голови, а учествуваше и во освојување на Купот на Маршал Тито од 1966 година, последниот поголем трофеј во клубот. Бил репрезентативец и на Југославија, а во нејзиниот дрес одиграл 43 меча и постигнал шест погодоци во период од 1968 до 1974 година.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com