Мајката на Ванеса Брајант, Софија Лејн, во неодамнешното интервју го шокираше светот, тврдејќи дека нејзиниот однос со ќерката не само што драстично се променил, туку и дека Ванеса ја избркала од куќата.
Во интервјуто, Софија тврди дека Ванеса, по трагедијата што се случи на почетокот на годината, во која загинаа славниот кошаркар Коби Брајант и нивната ќерка Џиџи, ја принудила да се исели од семејната куќа, како и да го врати автомобилот што го користела.
– Таа само ми рече: „не те сакам во оваа куќа“, како и дека треба веднаш да ѝ го предадам и автомобилот – рекла Софија.
Кратко по нејзината исповед, се огласи и Ванеса и ја раскажа својата страна на приказната.
-Мојот сопруг и ќерка ми починаа ненадејно, а мајка ми бесрамно дава интервју во кое зборува лоши работи за мене и плаче заради куќата и автомобилот што не се ни на нејзино име. Таа го сокри дијамантскиот накит, го испразни станот што ѝ го обезбедив и го чува мебелот во магацин за да испадне дека останала без ништо – изјави Ванеса и додаде:
-Ние ја издржувавме последните 20 години и јас продолжив да го правам тоа. Наспроти се што се случи, таа не беше ниту физички ниту емоционално со мене и моите ќерки откако ми почина ќерка ми и сопругот. Сега гледам што ѝ е најважно на мајка ми и тоа многу ме боли. Се надевам дека јавната дебата за нашите приватни односи ќе заврши тука – рече Ванеса.