Дејли Мејл пренесе истражување кое покажува дека лицата кои од банкомат земаат хартија на која се прикажува извод од сметката и ја држат подолго од два часа без нараквици, во урината имаат зголемен Бисфенол А.
А кај лицата кои имале нараквици, нивото на оваа хемикалија останало исто.
Претходно, научниците го поврзувале Бисфенол А со хормонални пореметувања, проблеми со плодноста, како и проблеми со развојот на мозокот кај децата. Може да се пронајде во конзерви, одредени материјали и пластика, како онаа која често се користи за изработка на детски шишиња.
Оваа хемикалија се користи и за правење на хартија за банкомати, каси во продавници… па често завршува во рацете на купувачите.
Се уште не е познато колку Бисфенол А во урината доведува до проблем, но посебно треба да внимаваат оние кои секојдневно ракуваат со овие апарати.