Не е невообичаено брзиот тест за корона да покаже лажно негативни резултати. И нашите и светските експерти велат дека ако наодот е позитивен – нема сомнеж, има инфекција.
Меѓутоа, ако е негативен, не мора да е 100% точно. Руската докторка Надежда Чернишова објаснила зошто се случува ова.
Таа напоменува дека најдобро е да не се пуши пред тестирање, бидејќи тутунот може да влијае на вистинитоста на резултатите. Таа открила и што е најдобро да се избегне кога одите на тестирање за да бидете сигурни дека примерокот нема да биде „загаден“ и дека ќе покаже прецизни резултати.
Според специјалистката, пред да го направите тестот, исклучително е важно да се исклучат какви било механички ефекти врз назофаринксот, односно носниот дел од ждрелото.
Не треба да го плакнете носот со ништо пред тестот или да ставате капки. Најчесто вирусот не се открива кога некое лице претходно ставило капки или го исплакнало носниот дел од ждрелото со солена вода или морска вода. Во овој случај, вирусот може механички да се „измие“ или уништи – тогаш тестот ќе биде негативен. Од истата причина подобро е да не го дувате носот“, вели докторката.
Докторката додала дека поради чистотата на тестот, многу подобро е да се воздржите од пушење.
„Се случува на човек да му падне нешто во носот, да го намачка со маснотии или да го издува и да добие негативен тест, иако се присутни симптомите на короната“, заклучил докторката.