Четиригодишно дете загина во соораќајна несреќа на локалниот пат Куманово-Романовце. Детето било донесено без знаци на живот во кумановската болница, лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.
Инаку, до сообраќајката дошло при судар на два автомобили. Детото заедно со своите родители било во едно од возилата. Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.
Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.