Стивен Спилберг отсекогаш имал посебен однос со Дру Баримор. Како дете таа глумела во неговиот познат филм „E.T. the Extra-Terrestrial“ и така станала позната низ целиот свет. По соработката со Дру, познатиот режисер станал нејзин кум, но исто така истакнал и дека не можел да ја „спаси“. „Немав никаква моќ“, изјавил Спилберг во едно интервју.
Тој сметал дека тогаш малата актерка прерано била изложена во светот на возрасните и дека тоа било влез во лавиринтот на „зависноста од дрога“. „Таа останувала будна до доцна во ноќта, наместо да спие како сите деца. Излегуваше на места за кои требаше само да слуша“, кажал Спилберг. „Таа живееше таков живот на толку нежна возраст, што, според мене, ѝ го ограбија детството“.
Славниот режисер почувствувал целосна беспомошност бидејќи немал право да интервенира во животот на малата Дру. „Јас не бев нејзин татко. Можев да ѝ бидам само еден вид советник“, кажал Спилберг. „Еднаш дојде во мојата канцеларија со црвен кармин на усните. Тогаш ѝ реков да го избрише.“
Се обидел да ѝ овозможи барем некое нормално детско искуство – ја однел во Дизниленд, на фармата, ѝ подарил мачка по име „E.T.“ да ја потсетува на ликот вонземјанин кој ги споил.
Самата Дру, која сега има 48 години, го опишала Спилберг како единствената личност во целиот нејзин живот, кој ѝ бил како таткова фигура. Актерката отворено проговорила во медиумите за тешкото детство и обидите да се смири со родителите. Како што изјавила и самата, почнала да пие на 9 години, на 10 веќе пушела марихуана, а на 12 земала кокаин.
Нејзината мајка ѝ била менаџерка, па ја носела својата мала „ѕвезда“ ќерка на забавите во Холивуд. Дру била и во тогашниот најпопуларен ноќен клуб „Студио 54“, а веќе на 12 годишна возраст била на рехабилитација од алкохол и наркотици.
Таа поминала година и пол во установа за ментално здравје, а на 14 успеала легално да се осамостои од нејзините родители.