Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето на Канал 5 ТВ истакна дека бил длабок јазот помеѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.
Тој бил толку длабок како што вели, што нему не му успеало, ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.
– Од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање на политички прашања, истакна Пендаровски.