Повеќе новинари синоќа се пријавија да ја уриваат зградата дивоградба кај трговскиот центра Мавровка, на повикот на екс уредникот на Телма, Дарко Чекеровски кој прв се понуди да ја урива дивоградбата кога веќе институциите не можа.
“Јас се пријавувама за рушење на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша на Фејсбук, Чекеровски.
“Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, – напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.
По Чекеровски и Чанчаревиќ, се пријавија и новинарите Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а помош понуди и Наташа Стојановска.
Инаку, откако истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата, општината Чаир објави тендер за избор на фирма која ќе ја отстрани истата. Но, ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење.