Припадничка на украинската војска која се врати дома минатата недела по голема размена на затвореници ја опиша тортурата што таа и другите жени ја претрпеле во текот на шест месеци во руско заробеништво.
Идентификувана само како Хана О. за да го заштити своето семејство, кое се наоѓа на територијата окупирана од Русија, таа со солзи во очите, за украинската државна новинска агенција Укринформ за нејзините искуства.
– Не третираа како животни… Ни животните не се однесуваат така – изјавила 26-годишната девојка, пишува Бизнис Инсајдер.
Хана била меѓу војниците од челичарницата во Мариупол
Хана (26) беше една од 108-те жени војници, вклучително и 12 цивили, ослободени од руско заробеништво минатиот понеделник во една од најголемите размени во војната.
Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека тоа е прва размена на заробени жени од почетокот на војната во февруари.
Хана била заробена додека служела во Мариупол како дел од 36-та морска бригада на Украина, објави Укринформ. Таа беше меѓу украинските војници кои се предадоа во мај, откако со недели беа заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, додека руските сили ја опколија и бомбардираа. Следните шест месеци ги поминала во заробеништво.
„Не’ тепаа и не мачеа со струја“
„Ги тепаа девојките, нè мачеа со струја. Тоа е најлесно… Обесија некои девојки. Не сакам ни да зборувам за храната бидејќи беше кисела, дури ни на кучињата не им даваат таква храна. Сакаа да им ги отсечат рацете на жените кои беа тетовирани, да им ги изгорат со врела вода… Ме мачеа затоа што сум војник, затоа што постојам и зборувам украински. Сонот да се вратам дома е единственото нешто што ме одржа во живот“, изјави 26-годишната девојка за Укринформ.
Приказната на Хана следи сè поголем број извештаи од прва рака за тортура на цивили и воен персонал во руско заробеништво. Според Женевските конвенции, тортурата се смета за воено злосторство. Повеќе приказни се појавија откако Украина напредуваше на територии под контрола на Русија.
Истражителите на Обединетите нации во септември заклучија дека руските сили извршиле серија воени злосторства, вклучително и тортура и силување, врз војници, цивили, па дури и деца. Тие пронајдоа и докази за присилни депортации, што исто така се сметаат за воено злосторство.
Станува збор за извештаи дека руските сили ги однеле украинските деца во Русија против нивна волја за да ги воспитаат како Руси.
More videos with freed Ukrainians. It seems that nothing can impress anymore, but still always getting goosebumps as if for the first time… pic.twitter.com/SzNBhtbC9G
— UkraineWorld (@ukraine_world) October 17, 2022