Руската новинарка Марина Овсјаникова, која беше казнета, па ослободена откако протестираше против војната во Украина во ТВ емисија во живо, вели дека се чувствува како Украинка и дека ќе го смени презимето во знак на поддршка.
Марина Овсјаникова, која вели дека нејзиниот татко е Украинец, го објави својот потег во објава на Фејсбук, пишува Би-би-си.
„Не сум добра ‘Русинка’, јас сум Украинка. Како знак на поддршка за Украина, имам намера да го сменам презимето Овсјаникова во родното Ткачук“, напиша таа.