Сара Џесика Паркер, која ја глумеше славната Кери Бредшо, пред неколку месеци наполни 57 години.
Сара Џесика Паркер моментално ја снима втората сезона од новиот дел од култната серија „Сексот и градот“ која го носи називот „And just like that“.
Кери служеше како инспирација за облекување за многумина, а благодарение на нејзината улога Сара стана стилска икона.
Како што беше претходно најавено, Кери и нејзината пријателка Миранда, која ја игра Синтија Никсон, во новите епизоди ќе имаат природно седа коса. Нивната цел е да прикажат реална слика за жените од нивната ера.
Странските папараци успеаја да ја фотографираат Сара во нејзиниот секојдневен опуштен и природен изглед, а токму нејзината седа коса на многумина им падна во очи.