Американската агенција за храна и лекови (ФДА) неодамна испрати сериозна порака до луѓето да престанат да користат ветеринарски лекови за лекување или спречување на Ковид-19 откако беа приметени нeколку случаи каде пациенти биле хоспитализирани откако користеле ивермектин, лек наменет за коњите, пренесува Ен-Би-Си.
„Не сте коњи, не сте крави. Серизоно, престанете“ напишаа од ФДА на нивниот Твитер профил.
За време на пандемијата, овој лек, на контроверзен начин, беше претставен како потенцијален лек за лекување на ковид болни лица, но неодамнешни испитувања покажаа дека неговата ефикасност против коронавирусот е слаба.
Агенцијата се повика на повеќе извештаи од повеќе американски сојузни држави за лица на кои „им требала лекарска помош и биле хоспитализирани откако на своја рака се лечеле со ‘ивермектин’ наменет за коњи“.
Инаку, Ивермектин, кој не е противвирусен лек, генерално се користи за лекување или спречување на паразитски заболувања кај животните.
Comments are closed.