Холивудската глумица Мишел Фајфер пред неколку денови била на свеченоста на „The Hollywood Reporter“ во Лос Анџелес, а сите коментирале дека 63-годишната актерка изгледа совршено.
Славната актерка со својот младолик изглед плени каде и да се појави.
Иако поминаа речиси 40 години откако брилираше во филмот „Scarface“, Мишел и денес важи за една од најубавите жени на светот поради совршено симетричното лице.
Обожавателите поради нејзината витка фигура велат дека е совршена, а многумина веруваат дека таа и денес би изгледала совршено во костимот од латекс во кој го оживеа ликот на Жена мачка во култниот филм за Бетмен во 1992 година.
Фајфер глумеше во многу други филмови, а едно време паузираше од големите екрани и се посвети на семејството.
Актерката која и денес има углед е една од најдобрите од своето доба, по подолгата пауза на актерството му се вратила пред неколку години.
Инаку, Фајфер двапати се венчала, па така првпат пред олтар застанала со актерот Питер Хортон во 1981 година. Парот често соработувал на филмското платно, но во 1988 година одлучиле да се разведат.
Потоа актерката го запознала Фишер Стевенсон со кој била во врска три години, била во врска и со Џон Малкович, а вторпат пред олтар застанала во 1993 година со продуцентот Дејвид Е. Кели со кој и денес е во брак.
Парот заедно има две деца, синот Џон Хенри (26) и ќерката Клаудија Роуз (28).