Стинг всушност е и повеќе од ѕвезда, тој е музичка легенда. Сега има можеби повеќе време да се посвети на својата сопруга иако и натаму се занимава со музика, но не со истото темпо како пред неколку децении.
Стинг и Труди Стајлер се појавиле во луксузното одморалиште лежерно облечени, додека тој се фотографирал со обожавателите таа гледала во мобилниот телефон, а една фотографија докажала дека и после три децении не им недостасува љубовта.
Познатите сопружници биле фотографирани како се држат за раце, како вљубени тинејџери.
Врската на Труди и Стинг во последните 30 години е пример за одличен однос, но нивната приказна започнала на контроверзен начин.
Кога ја запознал Труди, Стинг бил во брак со ирската актерка Френсис Томелти со која се венчал во 1976 година. Труди и Френсис се запознале работејќи на претставата Магбет и после тоа биле пријателки. Покрај тоа биле и сосетки до 1982 година кога се дознало за врската на Стинг и неговата идна сопруга.
„Нејзините очи беа бледи, бледозелени, а над левиот образ имаше избледена лузна која изгледаше како животинска канџа да ја повредила. Чудно, но лузната ниту на еден начин не ја расипуваше нејзината убавина. Напротив, таа изгледаше како повреден ангел“, напишал Стинг за Труди во неговата автобиографија.
Познатиот пар врската ја обелоденил набрзо откако првата сопруга на пејачот му го родила нивното второ дете. А, Труди во 1983 година била бремена со славниот музичар. Тогаш таа им се придружила на турнејата на групата „Police“.
„Тоа беше најмалку идеална ситуација која може да се замисли“, изјавила таа за фактот што Стинг бил оженет, а таа била во врска со друг маж.
„Ниту еден од нас не е горд на таа ситуација која се случи – едноставно се случи“, изјавила таа за „The Guardian“, па додала: „Се сакавме и живеевме заедно, а потоа се венчавме и добивме уште деца. И тоа е нашата животна приказна“.