По бројните шпекулации во дел од македонските портали, од прес-центарот на „Лидл“ за „Дојче веле“ објаснуваат дека засега немаат планови за ширење на бизнисот во земјата.
„Лидл“ не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата, велат од еден од најголемите трговски синџири во Германија и Европа за „Дојче веле“.
Инаку, деновиве во македонската јавност проструи веста дека „Лидл“ уште годинава ќе отвори супермаркет во земјата.
„Лидл“ во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркети. Синџирот поседува повеќе од 10 илјади супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, осве кај нас, „Лидл“ нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора, пишува „Дојче веле“.