Драган Стојковиќ Пикси беше исклучително добар фудбалер и сега се покажува како извонреден селектор на Србија, па со оглед на тоа што е крајно популарен во својата родна земја во изминативе неколку дена, во последното гостување за телевизијата „К1“ открива дека не им дозволува на своите фудбалери да го нарекуваат по неговиот прекар „Пикси“.
– Побарав од моите играчи да ме нарекуваат по интернационалниот назив за тренер, ме викаат „Мистер“. Мистер или „Коуч“, се користат тие два изрази. Каков Пикси, не смеат да ме викаат Пикси, па ние не сме другари. Сметам дека тоа не би било во ред, мора да постои одредено ниво, – открива Стојковиќ кој проследил детали и од средбата која ја имаа фудбалерите со претседателот Вучиќ пред полетувањето за Лисабон.
– Играчите не знаеја дека ќе дојде да ги посети Вучиќ во авионот, знаев само јас. Но, ниту јас не знаев за наградата од милион евра, што за мене сепак нема големо значење. Јас живеам за фудбал, а не за пари, – потенцирал Пикси.
Инаку, во клучниот меч од мундо-квалифакциите, Србите ја победија Португалија среде Лисабон со голот на Митровиќ во 90-та минута (1:2), сценарио со кое предизвика неизмерна радост во Белград и останатите градови во Србија, а истовремено приредија очај за Кристијано Роналдо и фаворизираните ѕвезди кои имаа улога на домаќини.