Жител на Врање, на југот на Србија, стана првиот познат случај во националната кампања за вакцинација кој примил две различни дози вакцина, јавија денеска српските локални медиуми.
Слаѓан Антиќ бил вакциниран со „Фајзер/Бионтек“ вакцина на 28 јануари годинава, а кога по СМС порака бил известен за втората доза отишол во локалната спортска сала, каде примил вакцина на „Синофарм“, јави порталот ИнфоВрањске.
Антиќ за порталот вели дека по грешка е вакциниран со друга вакцина.
Тој на лекарите му го покажаа картонот за вакцинација и разговарал со нив, по што медицинската сестра му ставила вакцина.
Во еден момент лекарот му рекот дека кинеската вакцина штити добро, поради што Антиќ реагирал објаснувајќи дека вакциниран е со прва доза од „Фајзер“, а тие му објасниле дека на тој пункт немаат од американско-германската вакцина.
Следеле низа консултации на локално ниво и со националниот Институт за јавно здравје Батут во Белград, а Антиќ добил терапија, но вели дека не се чувствува добро.
Инаку Србија е меѓу водечките земји во светот по бројот на вакцинирани на милион жители и кампањата за имунизација се води низ електронски систем на државно ниво, а досега се искористени повеќе од 1,4 милиони дози, од кои втора доза примина 512.000 српски граѓани.
Со испораката на 100.000 дози Спутник V Србија надмина два милиони набавени дози, потврди премиерката Ана Брнабиќ и најави дека на 5. Март од Кина стигнуваат уште 500.000 дози на Синофарм.
„Ние со вакцините немаме проблем“, рече таа.