Младата пејачка Антониа Гиговска очигледно е дека се бори со килограмите. Таа за Женски Магазин откри како ја одржува својата линија.
– Љубител сум на храна, можеби и затоа ми оди потешко. Но, со тренинзи се обидувам да ја одржувам линијата. И секако со пешачење- беше искрена Гиговска, која во моментов е една од најкоментираните девојки на Балканов.
Антониа во музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ го имаше својот финален настап, кој и овозможи влез во супер финалето. За ова претставување, таа ја одбра песна од нашиот Тоше Проески „Тајно моја“
Инаку, таа изминатиот викенд се забавуваше на свадбата на нејзиниот брат Дарко. Младата пејачка на прославата беше придружувана од новото момче, Иван Јованов.