Русија официјално ја одобри вакцината против коронавирусот по помалку од два месеци тестирање врз луѓето, иако западните научници изразија загриженост за брзината на нејзината програма. Иако руската објава денеска ги наполни насловните страници, таа не е единствената земја која работи на вакцини.
Повеќе од 100 вакцини се во ран развој, а повеќе од 20 се тестираат на луѓе во клиничките испитувања.
Соединетите американски држави имаат шест вакцини на кои се работи, а водечкиот експерт за заразни болести во земјата, д-р Ентони Фаучи, рече дека тие би можеле да имаат безбедна и ефикасна вакцина до крајот на годината.
Владата на Велика Британија потпиша четири договори за вакцината против коронавирусот.
Тие вклучуваат 100 милиони дози вакцината која што ја развива „Астра Зенека“ и научници од универзитетот Оксфорд, а експериментален третман го развиваат фармацевтските компании ГСК и Санофи.
Се наведува декаа земји кои исто така се наоѓаат во доцна фази на клиничките испитувања за можни вакцини се Индонезија и Мексико.